Употребете
• Апаратот е само за домашна употреба. Не употребувајте го апаратот за
комерцијална или индустриска цел.
• Апаратот употребувајте го само за домашно готвење. Ова е со цел,
лицата да бидат заштитени од физички повреди или да се спречи
оштета на имот.
• Не употребувајте го апаратот како работна површина или како простор
за
складирање.
• За време на употреба, внатрешноста на апаратот се вжештува. Постои
опасност од изгореници. Не допирајте ги грејачите во апаратот.
Употребувајте ракавици кога ставате или вадите додатоци или
тенџериња.
• Бидете внимателни кога ги отстранувате или инсталирате додатоците
за да го заштитите од оштетување енамелот на печката.
• Кога апаратот работи секогаш
стојте настрана од апаратот кога ја
отварате вратата. Може да испушти жешка пареа. Има ризик од
изгореници на кожата.
• За да го заштитите енамелот од оштетување или губење на бојата:
– не ставајте било какви предмети дирекно на апаратот и не покривајте
го со алуминиумска фолија;
– не ставајте врела вода дирекно во
апаратот;
– не чувајте влажни чинии или храна во апаратот откако сте завршиле
со готвењето.
• Губењето на бојата на енамелот нема никаков ефект на работата на
апаратот така што не е дефект во смисла на гаранција закон.
• Не притискајте на вратата.
• Кога готвите секогаш затворете ја вратата, дури и за
време на
печењето на скара.
Нега и чистење
• Пред одржување, исклучете го апаратот и извлечете го штекерот од
приклучокот за струја.
• Пред одржувањето, проверете дали апаратот е изладен. Постои
опасност од изгореници. Постои опасност од кршење на стаклените
плочи.
• Одржувајте го апаратот постојано чист. Наталожените маснотии или
други остатоци од храна може да предизвикаат пожар.
• Редовното чистење го спречува
оштетувањето на површинските
материјали
• Употребувајте тава за цедење за многу масна храна за да ја заштитите
рерната од дамики што можат да останат трајни.
• Заради ваша лична безбедност и безбедноста на вашиот имот, чистете
го апаратот само со вода и сапун. Не користете запаливи производи
или производи кои можат да предизвикаат корозија
.
• Не чистете го апаратот со чистачи на пареа или со чистачи под висок
притисок, остри предмети, абразивни средства за чистење, абразивни
сунѓери и средства за отстранување дамки
Безбедносни информации
5
Kommentare zu diesen Handbüchern