• Ако користите спреј за печка, придржувајте се до упатствата на
производителот. Не прскајте ништо врз грејните елементи и сензорот
на термостатот.
• Не чистете ја стаклената врата со абразивни средства за чистење или
со метална гребалка. Може да дојде до пукање и кршење на
огноотпорната површина на внатрешното стакло.
• Кога стаклените плочи
од вратата се оштетени, тие стануваат крти и
може да се скршат. Мора да ги замените. Контактирајте со сервисниот
центар.
• Бидете внимателни кога ја вадите вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
• Не чистете го каталитичкиот емајл (ако го има).
Пиролитичко чистење
• Не оставајте го уредот без надзор при пиролитичкото чистење.
• Не обидувајте се да ја отворите вратата и не прекинувајте го
напојувањето со струја во текот на пиролитичкото чистење.
• Држете ги децата подалеку додека трае пиролитичкото чистење.
Апаратот станува многу жежок. Постои опасност од изгореници.
• Во текот на пиролитичкото чистење,
тврдокорната нечистотија може да
предизвика обезбојување на емајлот. Обезбојувањето не влијае врз
работата на апаратот.
Опасност од пожар
• Отворајте ја вратата внимателно. Користењето на состојки со алкохол
може да предизвика мешање на алкохол и воздух. Постои опасност од
пожар.
• Кога ја отворате вратата не дозволувајте до апаратот да дојдат искри
или пламени.
• Не ставајте запаливи продукти или предмети заедно со влажни или
запаливи продукти, и/или растопливи објекти (направени
од пластика
или алуминиум) во или блиску до апаратот.
Светло на рерната
• Исклучете го апаратот од напојувањето со струја пред да го замените
светлото на рерната. Постои опасност од електричен удар!
• Ако треба да се замени светилката, употребете светилката со иста
моќност која е посебно направена само за домашни апарати.
• Исклучете го апаратот од струја пред да ја менувате светилката во
рерната. Постои
опасност од електричен удар.
Сервисен центар
• Само овластен инженер може да го поправа или да работи на апаратот.
Контактирајте со овластен сервисен центар.
• Користете само оригинални резервни делови.
Расходување на апаратот
• За да се спречи ризик од физичка повреда или оштетување
6 Безбедносни информации
Kommentare zu diesen Handbüchern